Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Денеска, на последниот ден од рокот за поднесување на кандидатури за претседателската позиција во СДСМ, во седиштето на партијата својата кандидатура ја поднесе Јован Деспотовски. Рокот за доставување кандидатури истече денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.
До Централната изборна комисија, Деспотовски ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето. Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“, се наведува во соопштението од СДСМ, нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.
– Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година, стои во програмата на Деспотовски, што е доставена.