Првата шведска премиерка „траеше“ неполн ден


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Помалку од еден ден откако беше назначена на премиерската позиција, првата премиерка во историјата на Шведска, Магдалена Андерсон, поднесе оставка на премиерската позиција.

Андерсон ја поднесе оставката откако не успеа да го протне својот буџет во парламентот, а наместо тоа беше изгласан буџетот составен од опозицијата. Во целата ситуација клучна улога имаа нејзините коалициони партнери, Зелените, кои одбија да го поддржат предлог буџетот.

Андерсон беше избрана за премиер во средата околу пладне, и тоа само затоа што според шведски закон таа треба да се осигури дека мнозинството од вкупниот број пратеници нема да гласаат против нејзе. На крај беше изгласана со само еден глас разлика.

Таа успева да ја состави коалицијата во „5 до 12“ само откако постигна договор со опозициската Лева партија, во кој се согласи на зголемување на пензиите за голем дел од шведското население.

1-дневната премиерка изјави дека повторно ќе се обиде да стане премиерка на влада од една партија.