Тврдење на бугарските експерти: Автобусот кој изгоре бил стар 15-20 години, бил репариран во Турција

„Не е точном дека изгорениот автобус бил стар три години. Тој е стар најмалку 15-20 години. Овој модел е од 2005 или 2008 година. Ако сопственикот тврди дека тој е стар три години, можно е меѓу македонските фирми да има таква пракса старите автобуси да се репарираат во Турција“, изјави за бугарските медиуми Ивајло Константинов, извршен директор на Националното здружение на автобуски превозници и поранешен член на транспортната комисија од 44-от состав на Народното собрание.

„При репарирањето се менуваат старите делови, се стават нови модерни седишта… Тоа води до компромитирање на оригиналните фабрички изолации што се огноотпорни. Оваа друга изолација не се знае со какви материјали се прави. Јас тоа не можам да го тврдам, но ако некој тврди дека автобусот е стар три години, тоа не е вистина, зашто е видливо од моделот на превозото средство“, изјави Константинов.