Решен случајот со „мистериозниот преживеан патник“ од автобуската трагедија во Бугарија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бугарските медиуми објавија дека е разрешена мистеријата за несовпаѓањето меѓу списокот на повредени во несреќата во „Пирогов“ и списокот на патници на македонската туристичка компанија.

Во редакцијата на БНТ се јавил Шади Салех, чие име се споменуваше како патник меѓу преживеаните. Тој објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата.

Салех бил бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката. Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болница.

Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата. Синот на еден од возачите на автобусот, изјави дека го видел името на ал-Салех напишано покрај имињата на другите преживеани.