Кој ќе ни се падне за противник: Македонија денес ја чека жрепката за бараж за Светското првенство во Катар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија денес ја чека можеби најважната жрепка во својата историја.

Во последните квалификации за Светското првенство за првпат завршивме како второпласирани и денес ги чекаме противниците во баражот. Овој бараж ќе биде посебен затоа што за првпат место со една селекција за да го поминеме ќе треба да играме со две, ќе има полуфинале и финале.

Покрај нас во баражот се уште 11 селекции, а во улога на носители се: Италија, Португалија, Русија. Шкотска, Шведска и Велс, додека уште шест репрезнетации со се Македонија се во групата на неносители: Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.

Со кого и да играме во полуфиналето ќе играме на гостински терен затоа што носителот игра дома додека, во финалето ќе имаме шанса да бидеме домаќини. Ждребот се одржува во 17:00 часот во Цирих.