Прв електричен примерок на Мерцедес Мајбах по повод 100-годишнината на брендот дизајниран од македонски дизајнер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од автомобилскиот гигант „Дајмлер“ објавија дека одлучиле да го електрифицира и луксузниот „Mercedes-Maybach“.

Новиот концепт на „Mерцедес-Mајбах EQS“, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Електричниот модел на „мерцедес-мајбах“ е конструиран врз платформата за електрични модели од највисоките класи, односно со техниката од EQS.

Прво што се забележува на овој модел е скапо лакираната двобојна каросерија што е главно стилско обележје на марката. Динамичната силуета почнува со низок нос, од каде што поаѓа линија по должината на закосените предни столбови и истата завршува во задниот спојлер. Изгледот го идентификува Concept EQS како возило од новата технолошка ера. Следното што го одбележува дизајнот е отуството на рабови и прекршувања. Тоа е пример за „Seamless Design“.

Начинот на којшто се моделирани површините става печат на изгледот на првиот луксузен СУВ со електричен погон. За моќта и емоциите се грижат арките на крилата што се лакирани во црна боја со висок сјај.

Од компанијата велат дека новиот модел е наменет за помлади клиенти од САД, Ррусија, Кина Јужна Кореја и Германија.

Моделот „мерцедес- мајбах“ пред еден век почнаа да го исработуваат Вилхелм и Карл Мајбах ,а нивна цел била да направат автомобил кој ќе биде „најдобро од најдоброто“.