Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Системот се рестартира за да се отстранат какви било проблеми со процесот на попишување во иднина, кажа директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) Апостол Симовски, кој заедно со заменик-директорот Иљми Селами денеска ја посети регионалната пописна комисија за Куманово и Старо Нагоричане.
– Се прават апдејт и рестартирање на целокупниот процес за да се избегнат какви било падови, што може да се сторат со она прекинување на работата на вчерашниот ден. Најдено е решението за техничкиот проблем што ни се случи вчера и ова се прави за да го нема тој проблем. Системот беше прекинат, заради тоа што се рестартира. Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи и тие беа предвидени однапред. Затоа има екипа од провајдерот на апликативното решение, како и од провајдерот на интернет-конекцијата, кои се спремни да интервенираат, и еве се отстрануваат работите – објасни Симовски.
Директорот на ДЗС информираше и дека досега не е изречена ниту една казна поврзана со пописот. Попишувачите ќе добијат адреси на лицата кои се во изолација и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите, или ќе се почекаат тие да излезат од изолација.