Познатата песна од Џорџ Мајкл прв пат го освои првото место на британските топ листи 36 години по нејзиното издавање


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако е издадена пред дури 36 години, песната Last Christmas од групата Wham! дури сега се најде на врвот на британските топ листи на синглови, пишува Би-Би-Си.

Оваа Божиќна класика била ислушана 9,2 милиони пати минатата недела, соборувајќи го видеото на LadBaby, Don’t Stop Me Eating.

Песна од Џорџ Мајкл и Ендру Риџли, прв пат е објавена во 1984 година, за хитот на Band Aid, Do They Know It’s Christmas? , но никогаш не стигнала до првото место.

Риџли рече дека е „донекаде изненаден“ што песната сега се појави на врвот.