Дете во Кина случајно откопа 65 милиони години стари јајца од диносаурус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


10-годишниот Жанг момче во Кина, играјќи си на брегот од реката, случајно откопа фосилизирано јајце од диносаурус старо над 65 милиони години, што доведе до откривање на многу ретко гнездо на диносаурус.

Откритието е направено во градот Хејуан, во провинцијата Гуангдонг. Град во Кина кој стана светски познат по бројот на пронајдени фосилизирани остатоци од диносауруси, особено на фосилизирани јајца.

Малиот Жанг Јангже заедно со својата мајка играл на брегот на реката Донг,кога ги пронашол фосилизираните јајца од диносаурус.

Според Ладиблиб „тој се обидувал да најде нешто што може да пукне отворени ореви“.

Кога пронашол нешто чудно малиот Жанг ја повика својата мајка Ли Кјаофанг за да му помогне да разбере што откопал, а таа се согласила дека можеби пронашле јајце на диносаурус.

Тие веднаш го контактирале локалниот музеј за нивното откритие и двајцата, потоа го чувале јајцето сè додека експертите не пристигнале на местото и не го обезбедиле.

Експертите веднаш потврдиле дека чудниот камен е фосилизирано јајце. Во следните денови, тие започнале да ја ископуваат локацијата каде што 10 годишното дете ги пронашо фосилите. За време на копањето, тие нашле уште десет јајца кои биле идентични со оние откриени од ученикот. Тие утврдиле дека Жанг пронашол гнездо на диносаурус затоа што сите биле откриени во мала област. Фосилите се со дијаметар приближно 3,5 инчи (9,1 см).