Потврдено: Ѓоковиќ ќе добие забрана за влез во Австралија во следните три години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз потврди дека Новак Ѓоковиќ поради укинувањето на визата ќе добие и забрана за влез во земјата во следните три години.

Тоа значи дека Ѓоковиќ до 2025 година нема да може да игра на Австралија Опен.

Вчера Ѓоковиќ беше депотиран и замина во Дубаи после одлуката на федералниот суд.

„Укинувањето на визата е потврдено од федералниот суд, па така Ѓоковиќ ќе добие и забрана за влез во Австралија во следните три години“, изјави Ендрјуз.

Ендрјуз наведе и дека постои можност за понишување на забраната, меѓутоа зависи какви аргументи ќе приложи другата страна.

„Забраната може да се укине, но се зависи какви аргументи ќе бидат поднесени. Во овој момент се тоа е е хипотетички. Сите такви барања посебно се разгледуваат“, додаде министерката.