Поради позитивен тест за коронавирус, тенисер избегал од Русија како на филм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот тенисер Сем Квери бил учесник на тенискиот турнир во Санкт Петербург. За време на турнирот тој дознал дека е позитивен на ковид 19 по што му било наложено да се повлече од турнирот и во следните 14 дена заедно со сопругата и осуммесечниот син да биде во изолација во хотелот во кој престојувал.

Но, Американецот не сакал да ги прифати овие мерки и организирал бегство од Русија. Ангажикрал приватен авион и со него побегнал од Русија во непознат правец.

Според медиумите, Квери се исплашил го организаторите на турнирот во Санкт Петербург го информирале дека ќе испратат доктор за да го прегледа и да одлучи дали тереба да биде хоспитализиран. Бил исплашен дека 15 дена ќе мине во болница одвоен од своето семејство, поради што одлучил да побегне.

Засега не е познато во која држава заминал Сем Квери, но се претпоставува дека тоа е некоја европска земја во која не е потребен негативен тест при влезот во неа.

Поради оваа своја постапка Сем Квери сигурно ќе добие голема казна. АТП веќе започна истрага за целиот случај, се шпекулира дека америка нскиот тенисер ќе дибие парична казна и времена суспензија.