Неуништливиот часовник на Рафа Надал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со 13. шампионска победа на Ролан Гарос, Надал ја прослави својата 20 Грен слем титула во кариерата. По освојувањето на новиот пехар навивачите на Надал покрај за неговата фантастична игра зборуваа и за неговиот неверојатен рачен часовник.

Надал во секоја прилика го носи својот омилен рачен часовник од марката „Ричард Мајл“. Станува збор за рачен часовник од моделот „ RM 27-04 Tourbillon Rafael Nadal”.Тоа е најсложениот рачен часовник изработен од Ричард Мајл за време на десетгодишната соработка со Надал.

Часовникот на Надал е тежок само 30 грама, отпорен е на сите видови на удар, практично е неуништлив.

Овој модел на разчни часовници се продава во ограничена серија, во светот има само 50 вакви часовници, а секој од нив се продава по фантастична цена од 1,06 милиони евра.