Home Актуелно Полициска акција против криумчари на мигранти (снимка)

Полициска акција против криумчари на мигранти (снимка)

Во полициска акција спроведена во Скопје и кумановско сузбиена е криминална група од 12 лица поради криумчарење на мигранти.  Уапсени се 10 лица, едно е веќе во притвор а по едно уште се трага. Тие во изминатите десет месеци организирале криумчарење на стотина мигранти од Грција преку Македонија во Србија, а оттаму кон земјите на ЕУ.

Организаторите на криминалната група мигрантите од Грција на територијата на земјава ги пренесувале преку илегални премини во околината на Гевгелија и Дојран од каде со возила биле транспортирани во Кумановско – Липковскиот регион. Таму ги сместувале во објекти на криумчарите по што биле транспортирани кон Србија. Криумчарите наплаќале по 500 евра транспорт од едно лице.

Жителите на кумановско Лојане велат дека и претходно но и во последните неколку месеци низ селото транзитираат мигранти, а полицијата често бара криумчари.

Мештаните не се изненадени од полициските акции, позади камера велат дека често во селото се зборувало за криумчари на мигранти кои досега не паднале во рацете на полицијата.

Јавното обвинителство отвори истрага за сите 12 криумчари а од судот ќе бара притвор за осомничените.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…