Спорт

Поради ОВА Суарез нема да игра во финалето!

Барселона синоќа се пласираше во фианлето на кралскиот Куп, но таму ќе игра без својот најдобар стрелец Луис Саурез кој заработи црвен картон синоќа.

Уругваецот беше исклучен од игра поради два жолти картони, а мислењата околу вториот се поделени. Самиот Суарез вели дека црвениот картон „бил смешен“.

„Смешно ми е, бидејќи изгледаше како судијата да сака да ме исклучи. Треба да видиме дали може да се жалиме на вториот жолт картон, бидејќи тоа не беше ниту фаул, но веќе знаеме како одат работите. Затоа сум толку лут, бидејќи добив црвен картон за ништо. Првиот жолт ми беше даден по првиот фаул кој го направив на мечот, но тоа е“, изјави Суарез после натпреварот.

Advertisements
To Top