Живот

Полесно до рамен стомак: Оваа храна е спас од надуеност

Ако некогаш сте имале мака со стомачна подуеност, а сигурно сте имале барем еднаш такви тегоби, знаете дека здравјето на цревата е битно за здрав и среќен живот.

Тоа го велат и нутриционистите, кои во едно од најголемите истражувања за проблемите со варењето на храната, наречено The American Gut Project, кое беше направено минатата година, открија дека постои храна која навистина и реално помага да се раатисате од чувството на подуеност и да имате рамен стомак.

Тренерот и нутриционист Вил Хокингс за Daily Mail открива која храна ќе ви обезбеди природни пробиотици и пребиотици во организмот, со чија помош ќе се развијат корисни бактерии во вашиот систем за варење.

Пребиотици

Пребиотиците (не ги мешајте со пробиотиците, различни се, иако звучат слично) се неварливи јаглехидрати кои ги хранат добрите микроби во нашето тело. Докажано е дека пребиотиците имаат противвоспалително дејство, а добри се и за зајакнување на имунолошкиот систем.

A post shared by Lauren A? (@vegannora) on

Природните пребиотици се наоѓаат во бананата, зобот, јаболката, какаото, артичоката, лукот и други природни намирници.

Пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои ги има во нашиот систем за варење, а се хранат со пребиотиците.

Корисни се за варењето и помагаат при слабеењето и симнувањето на килограми. Некои студии покажаа дека пробиотиците можат да имаат и противвоспалителни влијанија и дека се корисни и за проблеми со уринарниот тракт и синдромот на иритабилни црева.

A post shared by Petra Bonte (@petra.bonte) on

Ги има во јогуртот, кефирот, краставиците, киселата зелка и темното чоколадо.

Вил, исто така, нагласи дека најдобар начин својот систем за варење да го одржувате здрав е со избегнување на преработена и рафинирана храна и придржување до разновидна храна.

Тука спаѓаат и пијалоците со вештачки засладувачи, бидејќи и тие се штетни за развојот на добрите бактерии.

Advertisements
To Top