Живот

Имавте дилема: Еве зошто понекогаш сме ТАЖНИ дури и по добар СЕКС?!

Дали некогаш сте се чувствувале тажно, празно или посрамено, дури и по добриот секс?

Ако сте се почувствувале така, не сте единствени. Триесетгодишниот основач на порталот, Њу Ејџ Гентс, појасни дека тоа чувство може да се јави зависно од тоа во каква врска се наоѓате и какви се вашите намери со таа личност.

„Не учат дека во текот на физичката размена на нежности, момците не ги мешаат чувствата и не стануваат емоциинални во таквите моменти, а тоа е погрешно“, тврди тој.

Кај двајцата може да се јави постикоитална тага и станува збор за честа појава која подразбира чувство на тегоби и непријатност, веднаш по сексуалниот однос. Тоа е последица на делување на хормонот пролактин, кој се излачува, по оргазмот, и го изедначува новото на допамин кој се ослободува во текот на сексот.

Се ослободува непосредно по сексот, за да го стабилизира допаминот, хормонот кој е одговорен за чувството на сексуално задоволство. До депресија по сексот доаѓа кога се ослободува значително повеќе пролактин, во однос на допаминот.

Advertisements
To Top