Пред точно девет години: „Молњата“ ги помести границите во атлетиката (видео)

bolt

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред точно девет години еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, Усаин Болт го постави светскиот рекорд во Лондон на трката на 100 метри.

Јамајканецот трката на 100 метри ја заврши за 9.58 секунди, време кое тешко дека некој во блиска иднина може да го подобри или изедначи

Болт таа година во Берлин постави и рекорд на трката на 200 метри кога истрча за време од 19.19 секунди. Во Лондон 2012 година спринтерот постави и второ најбрзо време на 100 метри и тоа 9.63.

Денес 31 годишниот Болт не се занимава со Атлетика. Повеќе од една година се обидува да изгради фудбалска кариера, а во овој момент се наоѓа на проба во австралискиот Централ Кост Маринерс