Advertisements
Живот

Не се мачете себеси: Ова се трите знаци кои укажуваат дека ви е потребна повеќе вода во организмот

Ако мислевте дека дехидрацијата ги погодува само оние кои воопшто не пијат вода, се лажете, можно е дури и вие да страдате од неа, а тоа да не го знаете. Дури 75% од луѓето дехидрирале, а тоа не го знаеле. Околу 60% од нашиот организам е со вода, 15% од севкупната вода се наоѓа во мускулите, а 85% во мозокот. Ако упорно не се чувствувате добро, а не знаете зошто, дехидрацијата може да биде причина за тоа.

Ова се трите знаци дека на вашето тело му е потребно повеќе вода

1. Замор

Секогаш сте заморни, и дома и на работа, дури и кога ќе се наспиете. Дури и мала дехидрација може да предизвика недостаток на енергија, замор и поспаност. Многу е важно да пиете доволно течности за телото да не дехидрира и предизвика омалаксаност и пад на енергијата. Прескокнете ги газираните и купените овошни сокови, и заменете ги со вода.

2. Хронична констипација

Се чувствувате надуено и имаше лошо дишење. Водата е природен чистач на организмот, па оттаму е важно да внесувате доволно количини во текот на денот. За воспоставување на рамнотежа во организмот, потребна е правилна хидратација, односно пиење вода на секои 60 минути. Дехидрацијата може да предизвика проблеми во цревата и констипацијата.

3. Главоболка

Главоболката е чест знак на дехидрација. Болката обично се јавува на предната страна, која поради невнимание може да се претвори во мигрена. За да се спречат овие главоболки, најважно е да пиете доволно течност, како во летните, така и во зимските месеци.

Бонус совети:

Пијте две чаши вода штом ќе станете

Купете шише во кое секојдневно ќе точите вода

Јадете храна на база на вода, лубеница и грејп

Симнете апликација за следење на количината вода која ја внесувате во текот на денот.

Advertisements
To Top