Погледнете што сними хеликоптерот Инџенуити на неговиот легендарен историски лет над Марс (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хеликоптерот Инџенуити минатиот понеделник влезе во историјата на вселенските летови кога се подигна од Марс и се искачи на 3,05 метри над површината на планетата. Никогаш претходно вселенско летало не извело контролиран, погонуван лет на друга планета.

Потоа во четвртокот, Инџенуити летна уште повисоко – 5 метри – и првпат се движеше странично.

Неделниот лет беше досега најсмелата екскурзија на Инџенуити. Хеликоптерот полета во 10:31 часот, или во 12:33 часот по локално време на Марс, соопшти НАСА.

Инџенуити се искачи на иста висина како и минатиот пат, достигнувајќи максимална воздушна брзина од 2 метри во секунда – околу 8 километри на час. (На последниот лет достигна воздушна брзина од само 0,5 метри во секунда.)

Потоа, хеликоптерот помина 50 метри кон север – скоро половина од должината на едно фудбалско игралиште, најдалечното растојание досега.

„Денешниот лет беше она што го планиравме, а сепак не беше ништо помалку од фасцинантно“, рече Дејвид Лавери, извршен директор на проектот, во соопштението за јавноста.

„Со овој лет демонстрираме клучни способности што ќе овозможат додавање воздушна димензија на идните мисии на Марс.“

Целиот лет траеше околу 80 секунди.

„Третиот лет е голем чекор, чекор во кој Инџенуити ќе почне да ја доживува слободата на небото“, напиша во петокот Хавард Грип, главниот пилот на Инџениути, пред екскурзијата.

Инџенуити докажа дека воздушното истражување е можно и на други планети, но неговата мисија е далеку од завршена. Сега НАСА сака да добие што е можно повеќе податоци за летот, корисни за идните потфати на вселенските хеликоптери.

Во уште два преостанати лета во текот на следните две недели, контролорите на Инџениути планираат да го турнат хеликоптерот најбрзо што може. Во тој процес, тие очекуваат Инџенуити да се сруши.

„Ние навистина сакаме да ги донесеме роторските летови до самата граница и навистина да научиме и да добиеме информации од тоа“, рече Мими Онг, проект-менаџерка на Инџенуити, во неодамнешниот брифинг со новинарите.

Во петтиот и последен потфат Инџенуити ќе лета странично низ 300 метри од марсовското тло, според веб-страницата на НАСА. Онг, сепак, рече дека „би сакала“ да го истурка над 600 метри.

Од петтиот лет хеликоптерот „веројатно нема да слета безбедно, бидејќи ќе почнеме да одиме во неистражени области“, рече Онг на брифингот пред летот на 9 април.

Забрзувањето исто така ќе биде предизвик за механиката на хеликоптерот и за неговиот систем за навигација.

„Ако имаме лошо слетување, тоа ќе биде крај на мисијата“, рече Онг. „Животниот век во голема мера ќе му биде одреден од тоа колку добро ќе слета“.