Почина една од трите жирафи во скопската зоолошка градина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Почина една од трите жирафи во скопската Зоолошка градина. Според изјавата која ја дадоа од Зоолошката градина, врз жирафата Тобого била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди. Во наредните денови ќе следат целосните резултати по што ќе се знае точната причина за смртта на ова убаво животно кое заедно со Каспер и Флопи беа вистинска атракција за посетителите.

„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Роден беше во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување . Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напишаа на официјалната страница на Фејсбук од Зоолошката градина во Скопје.