Оваа земја ја има најиновативната економија на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германија е прогласена за најиновативна економија во светот, со што презеде првото место од Јужна Кореја која беше на тронот во овој домен цели шест години.

Германија се најде на врвот на листата на „Блумберг“, ставајќи крај на шестгодишната доминација на Јужна Кореја, која падна на второто место.

Сингапур е на третото место, враќајќи ја својата позиција од пред две години. САД се наоѓаат на деветтото место, губејќи една позиција во споредба со 2019 година.

Рангирањето вклучува фактори како што се трошоците за истражување и развој, бројот на домашни апликации за патенти и државни високотехнолошки компании.

Германија постигна 88,21 од 100 можни поени.

Сингапур и Данска се земји со најголем напредок меѓу првите десет, искачувајќи по три места на листата.