Advertisements
Актуелно

По Груевски се трага со национална потерница

Министерството за внатрешни работи на својот сајт за потраги по лица кои се гонат објави фотографија од бившиот премиер Никола Груевски, откако по него од вчера е распишана национална потерница.

„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ“, стои во текстуалниот опис на фотографијата.

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

„Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата“ се вели во информацијата од Кривичен.

Потерницата следи откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката на жалбата на Кривичниот совет за одложување на затворската казна, а и такви обиди беа направени и вчера.

Во вечерните часови, тимови на МВР прво беа во домот на Груевски, на адресата каде и претходно го бараа, а исто така и во подземните гаражи кај седиштето на партијата.

Advertisements

Најпопуларно

To Top