По 10 години брак, се „скрши“ љубовта на славниот музички пар

Своевремено, кога стапија во брак, тие беа сметани за еден од најславните шоубизнис парови на Источна Европа, особено во музичките води.

По 10 години брак, Емина Јаховиќ и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал и официјално потврдија дека се разведуваат.

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Сакајќи да ги избегне сите шпекулации околу нивната разделба, пејачката на својот Instagram профил сподели интимна порака до своите обожаватели.

„Драги мои, поради љубовта и поддршката која ми ја дававте во текот на целата моја кариера, имам желба и потреба да бидам искрена со вас- и кога споделувам убави нешта, но и кога во прашање се оние помалку убави делови од животот, низ кои, за жал, сите понекогаш поминуваме.

Затоа сакам од мене да го дознаете и ова – после 14 години заеднички живот и 10 години брак, Мустафа и јас, донесовме одлука да се разделиме. Таа одлука не ни беше лесна, ниту ненадејна, но беше заедничка, бидејќи по долгите и отворени разговори заклучивме дека нашата љубов, која беше голема и искрена, со годините изгаснала.

Иако нашите животи ќе ги продолжиме разделени, јас секогаш ќе му бидам на Мустафа најискрен пријател и поддршка во животот, а сигурна сум дека и тој ќе ми биде мене. Нашата најважна мисија е да останеме добри пријатели за нашите прекрасни синови, Јаман и Јавуз, во тоа сме обединети и нема да дозволиме никој да не оттргне од тој пат.

Ова прв и единствен пат да се огласам по овој повод, затоа што не сакав да читате претпоставки по медиумите на оваа тема, туку да ви кажам јас директно.

Ве сака вашата Емина“.