Home Актуелно Премиерот на Австралија забрани секс меѓу министрите и вработените

Премиерот на Австралија забрани секс меѓу министрите и вработените

Премиерот на Австралија Малколм Турнбул донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот кој ја потресе неговата Влада.

Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс, католик кој е во брак 24 години и промовира семејни вредности, чека дете со неговата поранешна портпаролка.

„Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување, рече Турнбул.

„Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување“, рече Турнбул.

„Барнаби Џојс скандалот“ ја загрози стабилноста на Владата, а министерот (50) зема отсуство од работа откако медиумите открија дека ја оставил жена му и четири деца, откако забременила неговата 32-годишна портпаролка, која му била љубовница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…