„Петарда“ среде Ереван, Барди постигна хет-трик – одлично издание на македонската репрезентација


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација денес го одигра најдобриот натпревар под водство на Благоја Милевски и ја торпедираше Ерменија среде Ереван со убедливи 0:5.

Од самиот старт можеше да се забележи сигурната игра на нашите репрезентативци. Ја имавме контролата од почетокот, а таквата игра даде резултат во 22. минута. Стефан Ашковски по еден одличен продор на десната страна го проигра Трајковски кој ја смести топката во мрежата за 0:1.

И по голот за водство ние продолживме со истата игра. Ерменија не создаде скоро ниту една прилика. Добрата игра донесе ни донесе и втор гол во полувремето. Барди по додавањето од Елмас со одличен удар надвор од шеснаесетникот стрелаше за 0:2. Трајковски имаше една добра прилика за 0:3 уште на полувреме, но неговиот удар го одбрани голманот на гостите.

Не дозволивме ситуацијата на теренот да се промени и во вториот дел продолживме да напаѓаме. На 0:3 зголеми Барди со вториот гол на натпреварот и тоа од пенал. Милан Ристовски се погрижи за 0:4, за конечните 0:5 да ги постави Енис Барди со првиот хет-трик во репрезентативниот дрес.

По оваа победа Македонија се искачува на втората позиција која носи во баражот, но за да останеме таму мораме да се надеваме на кикс на Романија која вечерва на домашен терен го пречекува Исланд со кого ние ќе се сретнеме во Скопје во недела во последното коло.