Home Спорт Пенал драма за епско финале во Лига Европа: Бајката на Виљареал крунисана со престижниот трофеј

Пенал драма за епско финале во Лига Европа: Бајката на Виљареал крунисана со престижниот трофеј

Синоќа се одигра финалниот дуел во Лигата на Европа во кое се сретнаа Виљареал и Манчестер Јунајтед.

Во едно интересно финале после 90 минути и 120 минути беше 1:1. Виљареал беше тимот кој прв стигна до водство после 30 минути игра. По едно нафрлување од слободен удар Жерар Морено најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата.

Предноста на Виљареал беше актуелна се до 55 минута. После еден корнер настана мешаница во шеснаестникот, топката дојде до Кавани кој беше прецизен.

До крајот на регуларниот дел видовме неколку прилики и на двете страни, но резултатот не се промени па се пристапи кон изведувањето на пенали.

Во пенал серијата видовме голема драма, а повеќе среќа имаше Виљареал кој славеше со 11:10. Никој немаше промашување се до голманите. Таму Рули беше прецизен, а Де Геа промаши.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…