Home Спорт Пеле: Нема споредба меѓу мене и Меси, јас сум подобар

Пеле: Нема споредба меѓу мене и Меси, јас сум подобар

Последната изјава на фудбалската легенда Пеле во контекст на споредбите меѓу него и аргентинскиот ас Линонел Меси, крена бура од реакции во јавноста.

Многу често во фудбалската јавност се појавуваат споредби со денешните фудбалери и фудбалерите во минатото. Сега тоа го направи самиот Пеле кој тврди дека тој е подобар фудбалер од Меси. Освен што порача дека е подобар објасни и зошто смета така.

„Не ми е јасно како споредувате фудбалер кој игра со глава и шутира со двете нозе со друг фудбалер кој игра само со едната нога и не е добар со глава? Како не споредувате? Јасно е дека јас сум подобар. За да споредите некој со Пеле, тој некој треба да игра со двете нозе и да постигнува голови со глава“, порача Бразилецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

ФБИ нуди помош за истрагата по наводите дека таткото на Меган Маркл поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца

ФБИ понуди помош на филипинските власти, кои, според медиумските извештаи, ги истражуваат …