Во овој момент Македонија е енергетски сиромашна земја. Факт кој одбиваат да го погледнат и политичарите и обичните луѓе. Па за енергетска сиромаштија се зборува само во контекст на сиромашните луѓе кај нас. Нема производство на доволно енергија за да се задоволи постојниот енергетски интензивен живот. Па се увезува струја се’ повеќе и повеќе. А тоа не’ потонува во долгови …