Облачен и студен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, 16. декември, четврток, ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 6 степени, Маврово -1, Охрид 5, Битола 4, Крива Паланка 4, Берово 2, Кавадарци 5, Дојран 10 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот претежно во северните делови ќе има повремен локален снег кој повремено ќе го има и преку ноќта. Дневните температури ќе се движат од -1 до 10 степени.