Претседателот на Русија, Владимир Путин, прифатил да присуствува на самитот на Г20 во Индонезија овој ноември, изјави советникот на Кремљ Јуриј Ушаков за новинарите. „Добивме официјална покана… и одговоривме позитивно, кажувајќи дека сме заинтересирани да учествуваме“, наведе Ушаков, а пренесуваат агенциите. Додаде дека, имајќи предвид дека има доста време до самитот, може да се промени начинот на учество на Русија. …