Бизарно модифицираниот Ролс- Ројс од мароканскиот крал оди на продажба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој примерок од престижниот автомобилски бренд го купил мароканскиот крал Хасан II. Но, автомобилот „Rolls-Royce Camargue“ од 1977 година не му бил доволен, па тој решил да го модифицира.

Модификацијата е направена од „Sbarro“, што во превод значи дека се работи за обемна промена.

Имено, мароканскиот крал сака да се бави со лов, особено со соколарството. За да оди на лов, му требал соодветен автомобил, а за тоа елегантната лимузина е претворена во робустен теренец. Прво е подигната суспензијата и поставени се теренски гуми, потоа од возилото се скратени покривот и ветробранското стакло. Сега ветробранскто стакло е подвижно како на воен „Jeep Willys“, а и вратите се отстранети.

Зад задните седишта е вграден хромиран држач кој служи и за сместување на соколот. Издувот сега е страничен, но судејќи според описот, 6,75-литарскиот мотор не е допрен. Сè уште развива 212 КС.

Стандардниот „Camargue“ чинел околу 30.000 фунти, што денес ќе биде околу 200.000 фунти. Оваа преработка се продава за 248.000 евра. Целосниот опис на автомобилот можете се погледне на страницата на германскиот огласник „Autoscout24.de“.