Home Актуелно Најавата за забрана на увоз на руско злато од моќната Г-7 група ја крена цената на златото на берзата

Најавата за забрана на увоз на руско злато од моќната Г-7 група ја крена цената на златото на берзата

Откако американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска цената на благородниот метал забележа пораст на светските берзи.

На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија врз Украина.

Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…