Путин ја прифатил поканата за учество на самитот на Г-20 во Индонезија – поканет е и Зеленски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, прифатил да присуствува на самитот на Г20 во Индонезија овој ноември, изјави советникот на Кремљ Јуриј Ушаков за новинарите.

„Добивме официјална покана… и одговоривме позитивно, кажувајќи дека сме заинтересирани да учествуваме“, наведе Ушаков, а пренесуваат агенциите.

Додаде дека, имајќи предвид дека има доста време до самитот, може да се промени начинот на учество на Русија. „Сепак, конечната одлука ќе мора да ја донесеме непосредно пред тргнувањето, бидејќи ситуацијата во светот може значително да се смени до тогаш“, кажа тој.

„Но, засега поканата е за лично учество“, кажа Ушаков.

Индонезискиот претседател го поканил и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обид за компромис, иако Украина не е членка на Г20.