
Објавени се нови податоци за тоа колку заработуваат некои од најголемите телевизиски ѕвезди за своите улоги во популарните серии.
Според „Варајети“, меѓу актерите со милионски хонорари по епизода се Зендаја, Џенифер Анистон, Џенифер Гарнер, Селена Гомез и Крис Прат.
Хонорарите на ѕвездите опфатени во прегледот се движат од милион до дури два милиона долари за една епизода. Како што забележува изданието, најпознатите имиња и натаму одлично заработуваат на телевизија.
„Телевизијата сè уште е многу исплатлива за актерите. И натаму може да се заработат многу пари. Најголемите ѕвезди добиваат суми што се блиску до највисоките хонорари исплатени некогаш на телевизија“, изјавил еден агент за изданието.

Селена Гомез, Мартин Шорт и Стив Мартин
Тројцата актери за серијата „Само убиства во зградата“ (Only Murders in the Building) заработуваат по милион долари за епизода.

Кол Хаузер и Кели Рајли
За улогите во „Датон ранч“ (Dutton Ranch), Хаузер и Рајли добиваат по 1,2 милиони долари за епизода.
Извор: Just Jared