Судијата Иван Џолев доби втор мандат на позицијата претседател на Кривичен суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција. Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Судскиот совет го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови. Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. …