Home Актуелно Полицијата од Поградец спречила шверц на 58 килограми хашиш наменет за македонскиот наркопазар

Полицијата од Поградец спречила шверц на 58 килограми хашиш наменет за македонскиот наркопазар

Полициските служби од албанскиот град Поградец денеска уапсиле три лица, откако во нивното возило биле пронајдени вкупно 58 килограми хашиш, кои требало да завршат на македонскиот наркопазар.

Уапсените се 17-годишник со иницијали М.К., како и Ликенд Баша(30), двајцата од Круја и Ериса Феро(28) жителка на Тирана, инаку, вработена во Националната агенција за информатичко општество.

-Дрогата е откриена во автомобил „фолгсваген“ сопственост на Ериса Феро додека другите две лица го набљудувале патот. Таа била „задолжена“ дрогата да ја транспортира од Тирана до граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, за потоа да ја предаде дрогата на Лика Баша кој требало да ја пренесе во Македонија. Полицијата ги пресретнала во близина на преминот, стои во полициското соопштение.

Во оваа наркомрежа осомничени сè уште две лица, како соработници, по кои се трага. Тие се осомничени дека биле нарачатели на дрогата.

Ова е тринаесетта успешна акција на албанската полиција од овој регион во сузбивањето на шверцот со дрога во правец на македонската територија, што е во рамки на акцијата „Рестарт“ почната во ноември 2021 година.

Како што информираа од Националната агенција за информатичко општество, против Ериса Феро, која имала раководна функција веднаш е започната постапка за нејзина суспензија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…