Home Вебкафе Марамите кои ги носат стјуардесите не се моден, туку задолжителен додаток

Марамите кои ги носат стјуардесите не се моден, туку задолжителен додаток

Стјуардесите се едни од најважните фактори од авионскиот екипаж. Тие освен што се грижат за патниците, имаат и важна улога доколку се појават непредвидени и опасни ситуации за време на летот. Соодветно на тоа е прилагодена и нивната униформа.

Марамата околу вратот е задолжителен детаљ од униформата на стјуардесите во повеќето светски авиокомпании. Иако многумина сметаат дека се работи само за моден детаљ, марамата всушност има многу важна функција, особено кога се случуваат опасни ситуации во авионот.

Имено, како што открива една стјуардеса на социјалните мрежи, во случај на опасност или, на пример, пожар во авионот, марамата може да послужи како заштитна маска со која стјуардесата ќе ги покрие носот и устата за ги заштити своите дишни органи. Така, таа би останала свесна подолго време и би им пружила соодветна помош на патниците.

Со други зборови, овој модерен детаљ може да ги спаси нивните животи, но и животите на патниците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…