Home Актуелно Временска прогноза за денешниот четврток

Временска прогноза за денешниот четврток

Времето во Македонија денеска, четврток, 29. декември, ќе биде променливо облачно, по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер и дневна температура до 11 Целзиусови степени. Маврово 8, Охрид 12, Битола 13, Крива Паланка и Берово 11, Кавадарци 12, Дојран 14.

Утре минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а максималната од 9 до 14 Целзиусови степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…