Фактор.мк до ЕСМ: Зошто набавивте струја за 2 милиони евра која на берза чини 800.000 евра поевтино?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државната компанија ЕСМ набави струја за сума од 2 милиони евра која на унгарската берза ХУПЕКС чини 800.000 евра поевтино од сумата што ја платиле. Струјата е набавена за четири дена, од понеделник, 26 декември, до денеска, 29 декември, пишува порталот Фактор.мк.

„На овие две набавки ЕСМ, кои се објавени на нивната веб страница, од три трговски компании нашиот државен производител набави 12.240 мегаватчасови електрична енергија.

Доколку ја набавеше оваа количина електрична енергија по цени од берзата ХУПЕКС, ЕСМ ќе платеше 800.000 евра помалку од сумата што вкупно е платена на овие компании.

За да биде целосен контекстот на овој „подвиг во справувањето со енергетската криза“ цената што ЕСМ ја плаќа за струјата за овие четири дена изнесува 2,02 милиони евра. Односно 40% поскапо од берзанската вредност на струјата.

За воља на вистината во оваа цена трговците со струја ги вкалкулирале и своите трошоци за членство на берза, за закуп на преносен капацитет и други давачки. Но сепак овие четири дена тие имаа одлична „мрсна“ заработка која е бруто разлика од 40% од референтната цена на ХУПЕКС и продажбата цена за ЕСМ“, пишува Фактор.мк.