Home Актуелно Најсилната европска економија пука по сите рабови?

Најсилната европска економија пука по сите рабови?

Експертите предупредуваат дека секоја четврта компанија во Германија размислува да го пресели прозиводството во друга земја заради енергетската криза. Драматични, исто така, се медиумските написи дека најсилната европска економија пука по сите рабови. Е сега, замислете тек ние во каква ситуација сме.

„Бруталните цени на енергенсите нè „нокаутираат“. Ако итно не дојде до функционално зауздување на цените, тоа ќе значи дека владата на канцеларот Олаф Шолц намерно ја прифаќа деиндустријализацијата на земјата.“

Ова за Велт го изјавил Гросе Ентруп, извршен диркетор на Здружението на хемиската индустрија, една од најпогодените во тековната криза заради тоа што троши многу енергија.

Високите цените на енергенсите, слабеење на стопанството и пореметување на ланците на снабдување се клучните проблеми во кои се заплетка најсилната економија на стариот континент.

Постои недостаток на лекови, посебно за деца, само половина од возовите стигнале на време, недостасуваат кадри, особено во здравството и образованието а во некои ургентни центри се чека и по 40 часови.

Каска и технолошкиот напредок. Кога е во прашање дигитализацијата на јавната управа, Германија е дури на 21-во место од 35 членки и кандидати за ЕУ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…