Подвидот „кракен“ на сојот „омикрон“ од коронавирусот, иако е повирулентен, не предизвикува потешки симптоми. Короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но наспроти тоа, со пандемијата е завршено, напиша на својот фејсбук-профил епидемиологот д-р Драган Даниловски по вчерашната информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на омикрон, XBB.1.5, популарно наречена кракен. …