Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, 23. јануари, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови.

Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде 9 Целзиусови степени. Маврово 2, Охрид и Битола 6, Крива Паланка 8, Берово 5, Кавадарци 11, Дојран 12.

Утре во западните делови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува слаб променлив ветер.

Во Скопје облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Дневните температури ќе се движат од 1 до 9 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…