Се обиде префинето да ја подаде и да ја измами одбраната, а на крај и самиот не знаеше како испадна ваков гол. Се чудеше и како да не му беше јасно.
Се обиде префинето да ја подаде и да ја измами одбраната, а на крај и самиот не знаеше како испадна ваков гол. Се чудеше и како да не му беше јасно.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека постоењето на Русија како држава зависи од војната во Украина. Обраќајќи им се на работниците на фабрика за авиони, Путин ги повтори тврдењата дека Западот планира да ја уништи Русија. Претходно ги обвини западните земји дека ја користат Украина како средство за нанесување „стратегиски пораз“ на Русија, пренесуваат агенциите. „Значи, за нас тоа …
Денешната среда во Македонија носи претежно облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините …
Професорите и сите други вработени кадри од академскиот, стручниот и административниот персонал во универзитетите ќе бидат „силно обесхрабрени“ од какви било блиски лични односи со студентите „што ги пречекорува границите на професионалното однесување“, истакнуваат коментарите во врска со новата регулатива на повеќе универзитети на островот. Универзитетите што одлучија да ја почитуваат оваа регулатива велат дека до овие одлуки дошле после …
Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на коридорите 8 и 10-д. ИРД е само носител на конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра солушн“ која вади лиценца сред јавен повик и „Евро консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ, изјави за јавноста во …
И покрај уверувањата на претседателот на Соединетите Американски држави дека американскиот финансиски систем е безбеден по крахот на двете американски банки, акциите на банките во Европа и Азија доживеаја пад на вредноста, јавува Би-би-си. Падот на акциите е забележан откако властите преземаа мерки да ги заштитат депозитите на клиентите на Банката на Силиконската долина СВБ и Сигначр банката, се наведува …
Синоќа во Штип, на 62-годишна возраст ненадејно почина реномираниот бизнисмен Ванчо Богдов. Богдов во македонската јавност стана познат по својот потег од пред две години кога својата фабрика „Вабо“ ја даде на користење на работниците за тие да менаџираат со неа преку избран менаџмент составен од искусни конфекционери и квалитетни инженери. Како што вели менаџментот, тој цело време им помагал, …
Документарниот филм за Алексеј Навални доби Оскар за најдобар документарец. Филмот зборува за настаните поврзани со труењето на познатиот руски опозиционер, во кој Кремљ гледа обид за „политизирање“ на филмската уметност. Дело е на канадскиот режисер Даниел Рохер, а филмот раскажува за политичкиот подем на Алексеј Навални, кој беше суден и отруен. „И има некој што не можеше да биде …
Тетовка која била подложена на двојна масектомија, цели пет години бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои сугерирале итна операција заради сомневање за канцерогено заболување, пренесува „Слободен печат“. „Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви …
Договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ за надзор над изградбата на коридор 8 и коридор 10д, што Владата го склучи минатата недела, покажува дека извесни лица ќе земат безобразно високи хонорари за нивниот ангажман, пренесува „360 степени“. Документите покажуваат дека ќе бидат исплатени високи суми за ангажманот на експерти и дека иако надзорот …
Привлечноста и желбата за блискост не секогаш се придружени со сексуална возбуда. Хормоните, здравјето, стресот, емоциите и односот со партнерот влијаат врз сексуалниот одговор, а повремените промени не значат дека постои нарушување.