На тетовка ѝ ги отстраниле градите бидејќи по грешка ѝ дијагностицирале канцер, а имала мастит


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тетовка која била подложена на двојна масектомија, цели пет години бара одговорност од лекарите од Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои сугерирале итна операција заради сомневање за канцерогено заболување, пренесува „Слободен печат“.

„Имам една добра и една лоша вест за вас. Добрата вест е дека нема да мора да одите на хемотерапија. А лошата е, што не требаше да ви ги отстраниме градите. Воопшто не сте имале карцином”, и рекле на пациентката откако веќе бил извршен оперативниот зафат.

Пет години како е поднесена кривичната пријава против двајца лекари од Клиниката за онкологија и против самата институција, но се уште нема поместување.

„Некој мора да одговара за тоа што ми беа отстранети градите поради лажна дијагноза за канцер. Ми кажаа дека мора итно да се оперирам, а кога се вратија резултатите од хистопатологија после операцијата, во ткивата од отстранетите гради, имаше мастит, а не канцер“ – изјавила 56 – годишната С.С.

Таа вели дека заради чувствува гнев и лутина, затоа што верувала во системот и дека Обвинителството ќе си ја заврши работа.

„Пет години од нашата куќа не излезе ниту збор за тоа што ми го направија. Само јас, маж ми адвокатките и децата знаеја. На пријателите не им кажувавме. Поминавме пекол и шок, наизменично. Не знаев дали да бидам благодарна што немам канцер, или да тагувам што ме осакатија. Верував дека Обвинителството ќе си ја заврши работата. Но пет години нема никакво поместување. Предметот се чува во фиока и не сакам да застари. Сакам некој да одговара за тоа што ми го направија, затоа решив да се обратам во медиум, вели С.С. за „Слободен печат”.