„Молзење на најјако“: 4 преговарачи за цените за автопатите кај нас ќе лапнат по 300.000 евра – еве колку ќе земаат другите инженери


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ за надзор над изградбата на коридор 8 и коридор 10д, што Владата го склучи минатата недела, покажува дека извесни лица ќе земат безобразно високи хонорари за нивниот ангажман, пренесува „360 степени“.

Документите покажуваат дека ќе бидат исплатени високи суми за ангажманот на експерти и дека иако надзорот е преставен како странски сепак домашни експерти и фирми ќе го имаат главниот збор.

Паушали од 300.000 евра по човек ќе им бидат исплатени на експертите вклучени во преговорите за цената на автопатските делници кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“. Според документите вкупно за четворицата државата ќе плати 1 200 000 евра.

Како што објави „360 степени“, договорот отвора и други прашања за цените на услугите.

На пример, услугата за секој геометар ќе се наплаќа по околу 5 600 евра месечно. Секој надзорен инженер ќе чини по 8 до 9 000 евра месечно, додека месечниот трошок за главен надзорен инженер е 20 000 евра – такви има четворица – за секоја од четирите делници. Најскап е директорот на проектот, Италијанецот Паоло Орсини, чиј ангажман ќе чини 27 000 евра месечно или вкупно 1,3 милиони евра во текот на целиот проект.

Цените за услугите што ќе ги плати Владата се чинат западноевропски. Но, зошто се такви ако се знае дека кадарот е пред се македонски и нешто балкански?