Home Актуелно Ефектот од пропаѓањето на двата американски банкарски гиганти „удри“ и по европските и азиските банки

Ефектот од пропаѓањето на двата американски банкарски гиганти „удри“ и по европските и азиските банки

И покрај уверувањата на претседателот на Соединетите Американски држави дека американскиот финансиски систем е безбеден по крахот на двете американски банки, акциите на банките во Европа и Азија доживеаја пад на вредноста, јавува Би-би-си.

Падот на акциите е забележан откако властите преземаа мерки да ги заштитат депозитите на клиентите на Банката на Силиконската долина СВБ и Сигначр банката, се наведува во синоќа објавениот извештај.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе направи „сè што е потребно“ за да го заштити банкарскиот систем.

Тој синоќа им порача на Американците дека финансискиот систем на земјата е стабилен.

Ненадејниот банкрот на двете банки предизвика страв од поголема криза. Инвеститорите стравуваат дека други банки би можеле да бидат погодени од последиците на крахот, а акциите на глобално ниво забележаа остар пад.

Американското регулаторно тело во петокот ја затвори SVB, која беше специјализирана за кредитирање на технолошките компании. Тоа е најголемиот крах на една американска банка од финансиската криза од 2008 година.

Во неделата властите ја преземаа Signature Bank New York, која имаше многу клиенти кои инвестирале во криптовалути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…