Учителка држи час по историја на 20 плавуши. Часот го започнува со едноставно прашање: – Каде се наоѓа Америка? Дијана, една од плавушите, крева рака, станува од клупата, оди на карта и ја покажува Америка. – Браво, седи Дијана. А дали знаете кој ја открил Америка? Сите останати 19 плавуши во хор: – Дијана!