Вебкафе

За регистарска табличка плати вртоглави 8 милиони евра – еве што пишува на неа

Индиски бизнимсен кој живее и работи во Дубаи на едно аукциско наддавање искешира повеќе од 8 милиони евра за ја има во своја сопственост регистарската табличка со бројот 5 и со тоа да си ја задоволи својата колекционерска страст, пренесува Gulf News.

„Обожавам да собирам уникатни регистарски таблички и сум горд на тоа што успеав да ја купам оваа на која пишува D5“, вели индискиот бизнисмен Балвиндер Сахани. Додава дека бил подготвен да плати и „да речеме 50 или 100 милиони долари“, како што вели самиот, бидејќи регистрацијата едноставно „му запнала за око“.

A photo posted by 7DAYSUAE (@7daysuae) on

Сахани е сопственик на меѓународна компанија за трговија со недвижнини, а се пофали дека минатата година ја купил регистарската табличка со број 9 за 6 милиони евра. „Досега имам собрано десет уникатни регистарски таблички и се надевам дека ќе имам уште такви. Оваа со бројот пет ќе оди на еден од моите Ролс Ројс автомобили“, додава тој.

Gulf News пренесуваат дека во саботната аукција, која се организира на секои два месеци, за разни специјални регистарски таблички се наддавале над 300 заинтересирани. На понудата имало 80 уникатни и посебни регистрации. Ваквите аукции станаа хит меѓу милионерите и милијардерите во Обединетите Арапски Емирати.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top