Home Мода и убавина Белото макси здолниште е сè што ви треба ова лето: 6 безвременски начини да го носите

Белото макси здолниште е сè што ви треба ова лето: 6 безвременски начини да го носите

Ако некоја модна комбинација за жешките денови е еквивалент на сладолед, тогаш тоа е белото макси здолниште. Лелеаво, лесно и доволно елегантно за да изгледате дотерано дури и кога на 35 степени воопшто не ви се мисли на средување.

Освен што белата боја во лето делува особено свежо, макси здолништето е едно од оние парчиња што одново и одново се враќаат во колекциите на дизајнерите и во комбинациите на љубителите на уличната мода. И секогаш нè потсетуваат зошто толку го сакаме.

Неговата најдобра особина? Можете да го носите на милион начини.

Од целосно бела комбинација до вечниот црно-бел дует, па сè до ленени парчиња, предимензионирана маичка и впечатливи модни додатоци – белото макси здолниште функционира како вистински мал моден камелеон. А кога едно парче може да изгледа сосема поинаку само со промена на горниот дел и чевлите, знаеме дека сме направиле одличен моден избор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Бои што најдобро го истакнуваат исончаниот тен: 10 летни комбинации што веднаш ќе посакате да ги носите

Бела, путер-жолта, нежнорозова, ментолова, маслинеста, па дури и портокалова – ова се нија…