Премиерот на Австралија, Ентони Албаниз, денеска изјави дека лично побарал од американските власти да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. – Што е многу, многу е – порача Албаниз. На 51-годишниот австралиски државјанин Асанж во САД му се суди за објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи од 2010 година за американските воени и дипломатски активности, …